Епстин му нудел „жени и нивните сестри“ на поранешниот словачки претставник во БиХ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Свет
media-library58kf6i4j99v3d5Fb2SZ

Американското Министерство за правда објави повеќе од три милиони нови документи од таканаречените „Епстинови документи“, во кои се појавува и името на словачкиот политичар и поранешен висок претставник во Босна и Херцеговина, Мирослав Лајчак. Во објавените пораки, покојниот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, наводно, му нудел на Лајчак „жени и нивните сестри“, што словачкиот дипломат категорично го негира, пренесува порталот Кликс.ба.

— реклама —
media-libraryv7lnlo8jb8229kRnoRP

На досега непознати делови од комуникацијата меѓу Лајчак и Епстин од 2018 година прв укажа порталот 360тка, наведувајќи дека пораките откриваат многу поинтимен и поинтензивен однос отколку што Лајчак претходно признавал. Според објавените документи, нивната размена не се однесувала исклучиво на политика и дипломатија, туку во повеќе наврати и на жени. Во една од конверзациите, Епстин му нуди жени на Лајчак, додавајќи дека може „да ги земе и нивните сестри“, а подоцна иронично забележува дека веројатно се премлади, бидејќи имаат под 30 години. На тоа, Лајчак одговара: „Не биди злобен. Не знаеш каков сум во акција“, како што пренесува весникот Деник Н. Во други пораки, двајцата, во опуштен и шеговит тон, коментирале на „девојки“ во Киев или Москва.

— реклама —
media-libraryg53vvbnrn3nq0tLd0l9

На една фотографија од Москва, Епстин одговорил дека би сакал „поглед однатре“ и ги опишал девојките како „најдобриот руски извоз“, на што Лајчак додал: „Веднаш по нафтата“. И покрај ваквите содржини, Лајчак за порталот 360тка ги отфрли ваквите толкувања, тврдејќи дека никогаш не комуницирал со Епстин за жени. Сепак, документите укажуваат дека нивниот контакт не бил случаен. Името на Мирослав Лајчак се појавува во документите стотици пати, а Епстин често го ословувал со прекарот „Миро“.

Дел од пораките потекнуваат од периодот кога Лајчак бил претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и често престојувал во Њујорк. Во тој период, наводно, договарале средби, вечери и можни посети на резиденцијата на Епстин во Палм Бич, Флорида, место поврзано со злоупотреба на малолетни девојчиња.

media-libraryt076u8vssvehcQOeERM

Објавените материјали допираат и до политички теми. Во една порака, Лајчак напишал дека „го сака“ рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тие разменувале мислења и за состојбата по убиството на новинарот Јан Куцијак во 2018 година. Лајчак му пишувал на Епстин дека има средба со „поранешен премиер“, најверојатно Роберт Фицо, и дека ќе му соопшти дека не сака да се кандидира за претседател. Како причина ги навел желбите на семејството и фактот дека себеси се гледа пред сè на „меѓународната сцена“, но истовремено изразил страв дека неговата партија Смер поради тоа ќе го мрази. Според пораките, Лајчак му нудел и посредување за организирање средба меѓу Стив Банон и Роберт Фицо, што подоцна го демантирал.

Објавата на документите предизвика силни реакции во Словачка. Лидерот на партијата Прогресивна Словачка, Михал Шимечка, го повика Лајчак да поднесе оставка од функцијата советник на премиерот Роберт Фицо. Тој порача дека по ваквите откритија нема друга опција освен итна оставка или разрешување, нагласувајќи дека случајот му нанесува штета на угледот на Словачка во странство. И пратеничката од партијата СаС, Мартина Холечкова, побара оставка, оценувајќи дека документите се јасен доказ оти комуникацијата со Епстин не била само општествена или дипломатска.

Американското Министерство за правда нагласи дека објавувањето на документите не значи потврда на вистинитоста на сите тврдења, бидејќи дел од записите потекнуваат од непроверени пријави, а дел од материјалите се значително редактирани. Сепак, обемот и карактерот на комуникацијата беа доволни да предизвикаат политичка криза во Словачка.

Лајчак соопшти дека му понудил оставка на премиерот Фицо, не затоа што сторил нешто криминално или неетичко, туку за да не му наметне политички трошоци за нешто што, како што вели, не е поврзано со неговите одлуки. Тој изјави дека е подготвен да ги потврди своите тврдења на кој било начин и нагласи дека, како професионален дипломат, не би направил ништо што би довело до негова дискредитација. Премиерот Роберт Фицо, пак, уште кон крајот на ноември минатата година соопшти дека нема да го разреши Лајчак од функцијата советник поради медиумските наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj29nn8dg3pqlfc5lDUo

Жртвите на Епстин во шок по објавата на нивните имиња: „Ова е апсолутен хаос“

Свет | пред 15 часа

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Откриени над милион нови документи поврзани со случајот Џефри Епстин

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања