Утрово во Основен суд Скопје 1 започна судскиот процес за предметот „Еразмус". Поднесените обвиненија за поткуп се однесуваат на пет професори и еден асистент од економскуот факултет во Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во октомври минатата година.Судски процес за случајот Еразмус, во кој обвинети се неколку професори на Економскиот факултет, Славе Ристески, Драги Јанев, Стојан Дебарлиев, Бобек Шуклев и демонстраторот Драган Денковски. Според сведочењето на Дејан Трајковиќ кој од 2012 до 2018 година работел во бифето на Економскиот факултет, професорот Шуклев барал да има секс со студентка или да му плати 1000 евра за да положи испит.
Тој раскажа дека во периодот од 2015, 2016 година две студентки, од кои едната била бремена доаѓале во бифето и седеле со Трајковиќ. Една од нив, онаа која не била трудна прашувала, дали може да се лобира кај професорот Шуклев, кој често доаѓал во бифето, за да добијат оценка.
Трајковиќ ова у го пренел на Шуклев, а тој му рекол дека девојчето било слаба студентка. Но потоа професорот Шуклев го викнал и му рекол дека на студентката ќе и стави оценка ако има секс со нејзе или да плати 1000 евра.
Девојчето не сакало да има секс и рекло дека нејзините родители работат во Германија и дека ќе си плати.
На прашања на одбраната сведокот откри дека во оваа постапка првично и тој бил обвинет, но се спогодил со Обвинителството и добил условна казна. На девојчињата им правел услуги за да добие секс од нив.
Во бифето кај него доаѓал демонстраторот Драган Денковски и му рекол дека може да им среди на студенти да платат кај неколкумина професори за да добијат оценка. Денковски му ја кажал тарифата кај професорите, а вработениот им ги напишал сумите на ливче. Побарале да платат на рати, но Денковски не прифатил.
Сепак сведокот вели дека тој лично не видел дека парите им биле давани на професорите, тој му ги предавал на демонстраторот. Девојчињата му дале пари во неколку наврати, 1000, 800, 700.
Инаку „Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела“, соопштија тогаш од Основното јавно обвинителство.