Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ердоган го покани Маск да изгради фабрика за електрични автомобили во Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го покани извршниот директор на Тесла, Илон Маск, да изгради фабрика во Турција, јави агенцијата Анадолија на платформата Икс.

— реклама —


Ердоган му го дал предлогот на Маск за време на состанокот во Турската куќа, облакодер во близина на Обединетите нации во Њујорк, објави турската државна новинска агенција во неделата навечер.


— реклама —

Маск денеска во Калифорнија треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Маск објави на платформата Икс дека нивните разговори ќе се фокусираат на технологијата за вештачка интелигенција.


Ердоган е во САД за да присуствува на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

— реклама —

Во август, Тесла изрази интерес за изградба на фабрика во Индија за производство на евтини електрични возила.


Тесла има шест фабрики и ја гради седмата во Мексико, во северната држава Нуево Леон, како дел од напорите на производителот на електрични автомобили да го прошири своето глобално присуство.


Маск во мај изјави дека производителот на автомобили најверојатно ќе избере локација за новата фабрика до крајот на оваа година.

— реклама —

Покрај управувањето со Тесла, Маск ја купи и платформата Икс, порано позната како Твитер, за 44 милијарди долари во 2022 година.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања