Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ердоган: „По секоја цена нема да дозволиме да се повтори минатото“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
erdogan-1

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција никогаш нема да ги остави кипарските Турци без поддршка и дека нема да дозволи да се повторат, како што рече, страдањата од минатото.

По седницата на Владата во Анкара, Ердоган се осврна на одбележувањето на 52-годишнината од турската воена интервенција на Кипар во 1974 година, оценувајќи дека 20 јули претставува историска пресвртница со која биле обезбедени опстанокот, слободата и безбедноста на кипарските Турци.

— реклама —

„Турција, како и пред 52 години, ниту денес ниту утре, нема да дозволи да се повтори страдањето од минатото и никогаш нема да ги остави своите кипарски браќа сами“, изјави Ердоган.

— реклама —

Тој предупреди и на, како што рече, обидите за милитаризација на Кипар, нагласувајќи дека ниту една иницијатива во Источниот Медитеран што ги игнорира правата и интересите на кипарските Турци, нема да биде успешна.

Според Ердоган, кипарското прашање не е само спор околу поделбата на власта, туку прашање на признавање на суверената еднаквост и еднаквиот меѓународен статус на кипарските Турци.

— реклама —

Тој ја поздрави и неодамнешната посета на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на островот, истакнувајќи дека Анкара останува во тесна комуникација со ОН.

Во своето обраќање, Ердоган најави продолжување на инвестициите во Северен Кипар, со цел регионот да стане лидер во туризмот, високото образование, технологијата и дигиталната трансформација.

Осврнувајќи се и на состојбата на Блискиот Исток, турскиот претседател повторно ја критикуваше политиката на Израел, оценувајќи дека израелските активности на палестинските територии се главен извор на нестабилност во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува потрагата по исчезнатите

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Свет | пред 1 седмица

media-library1h6g6r9i9054bZZn0Sr

(Видео) Поплавите ја погодија Турција, четири лица загинаа, тројца се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања