Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ердоган: Прво мора да престанат израелските провокации за да има мир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
erdogan-3

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да ја зајакнува регионалната соработка, одбранбените капацитети и дипломатските односи со НАТО и Европската Унија, истовремено повикувајќи на стабилност на Блискиот Исток.

Говорејќи за американско-израелските напади врз Иран, Ердоган порача дека најпрво мора да престанат, како што рече, израелските провокации.

— реклама —

„Најпрво треба да се неутрализираат израелските провокации, а потоа може да се гради вистински мир“, изјави турскиот претседател.

— реклама —

Тој додаде дека долгорочна стабилност во регионот не може да се постигне со краткорочни политички интереси и дека државите треба да ги штитат интересите на сопствените граѓани.

Ердоган најави и дека Турција ќе работи на зајакнување на Организацијата на турските држави за време на претстојното турско претседавање.

— реклама —

Осврнувајќи се на НАТО, турскиот лидер изјави дека Анкара очекува важни одлуки за иднината на Алијансата и глобалната безбедносна архитектура.

— реклама —

Тој повторно ја нагласи и важноста на програмата за борбени авиони Ф-35, велејќи дека разговорите со САД продолжуваат и дека Турција очекува позитивен исход.

Ердоган го истакна и домашниот проект за борбен авион од петта генерација „КААН“, оценувајќи го како почеток на нова ера за турската одбранбена индустрија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryakiutl599u982jy7QWo

(Видео) Тешка несреќа во Турција: Минибус се преврте во морето, загина возачот

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 4 дена

media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 1 седмица

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања