„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ердогановиот режим без милост – доживотен затвор за новинарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
turcija

— реклама —

— реклама —

Суд во Турција ги потврди доживотните казни за шесте новинари, откако беа осудени за наводно помагање во планирањето на неуспешниот државен удар во таа земја

Ахмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан и уште четворица новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради наводната поврзаност со мрежата на муслиманскиот имам Фетула Ѓулен кој турскиот режим го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во таа земја во 2016 година, пишува Ројтерс.

Мехмет Алтан во јуни беше пуштен од затвор, но денес и на него повторно му беше изречена казна, откако кривичниот суд го отфрли барањето на уставниот суд за негово ослободување.

Британската агенција наведува дека сите шестмина новинари сега ќе ги отслужуваат настрогите доживотни казни, што значи дека немаат право на условно ослободување и дека за нив нема да важат идните одлуки за амнестија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања