„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Есенската акција за чистење на Кисела Вода финишираше во Пинтија и Стаклара - Каменик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
image-0-02-05-eda2df65c9dac5b451ebb90b8f68b6b41cebafc2029ae676876f9913600b010a-V

Во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик, Општина Кисела Вода финишираше со есенската акција за чистење на својата територија.

— реклама —

„Со оваа акција, во овие месни заедници извршено е целосно расчистување на сметот. Се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини кои се под надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова, скастрени се сувите гранки на дрвјата и грмушките, а воедно, се собираше и кабаст отпад. Во акцијата собрани се 5 тони смет“, велат од општна Кисела Вода.

— реклама —

Оттаму додаваат дека од почетокот на есенската акција за чистење која започна на почетокот на септември, активности за чистење на сметот спроведе на сите јавни површини кои се под нејзина надлежност, во сите месни и урбани заедници. Во  оваа акција собрани се над 50 тони смет и кабаст отпад.

„Локалната самоуправа во периодот што следува ќе продолжи со редовни активности за расчистување на сметот на својата територија. Воедно, Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода“, велат од оптината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања