Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ескалација на Блискиот Исток: Египет подготвен да ѝ помогне воено на Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryesgf11ci823qfxsGyRx
unsplash - Gerald Schömbs

Египетскиот парламент одобри воена поддршка за одбраната на Саудиска Арабија по ескалацијата на нападите на јеменските Хути, пренесуваат локалните медиуми. Речиси 500 пратеници побарале да учествуваат во расправата за ова прашање, објави „Ал Џезира“.

— реклама —

Според членот 152 од египетскиот Устав, претседателот не може да објави војна или да распореди воени сили без консултации со Националниот совет за одбрана и одобрение од две третини од пратениците.

— реклама —

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси минатата недела побара од парламентот да одобри помош за одбраната на Саудиска Арабија доколку Ријад побара поддршка. Саудиска Арабија е најголемиот светски извозник на нафта.

Хутите, кои имаат поддршка од Иран, во октомври го нападнаа меѓународниот аеродром во Ријад и нафтената компанија „Сауди Арамко“, предизвикувајќи прекини во авиосообраќајот и извозот на нафта.

— реклама —

Египет повеќепати ги осуди иранските напади врз земјите од Заливот, но досега не се вклучи директно во борбите ниту се приклучи кон Пактот за заемна одбрана во Мека, склучен меѓу Саудиска Арабија, Пакистан и Турција.

— реклама —

Египет, најнаселената арапска земја со една од најголемите армии во регионот, се приклучи на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во раната фаза на војната во Јемен, во март 2015 година, главно како поморски партнер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr6fuodbc5d9cP9hHg6

Претседателот на советот на Чаир на чело на организација што Египет ја прогласи за терористичка

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryhadsd4pic7lmeWYDPBr

(Видео) Патнички воз излета од шините во Египет, четири лица загинаа, а 88 се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-librarybcfoafuak6pie08qeEb

Најконтроверзната атракција во египетската престолнина: Место каде што луѓето со векови живеат меѓу гробови

Патувања | пред 1 месец

media-library5rr9dvr5lfah1etE7dZ

Најмалку 21 загинат во тешка автобуска несреќа во Египет, десетици повредени

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања