Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ескалација на Блискиот Исток: Над 200 мртви во Иран, напади во Дубаи и Бахреин, сирени низ Израел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryvqq5et9fgn288Pl1HUS

Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира откако Иран соопшти дека во нападите загинале повеќе од 200 лица, а над 700 се повредени. Според иранската државна агенција IRNA, 53 лица загинале во напад врз училиште за девојчиња.

— реклама —

Во нов бран ирански напади погодени се објекти во регионот, меѓу кои хотел во Дубаи и зграда во Бахреин. Властите во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека еден цивил загинал од крш што паднал по пресретнување на проектил.

Истовремено, Катар , Кувајт, Јордан и Бахреин наведоа дека пресретнуваат проектили и беспилотни летала истрелани од Иран.

— реклама —

Според агенцијата Reuters, во нападите биле убиени ирански министер и висок командант на Револуционерната гарда. Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните удари во Техеран биле насочени кон локации каде се собираат високи политички и безбедносни функционери.

— реклама —

Сирени за воздушна опасност непрекинато одекнуваат низ Израел, додека тензиите се шират низ целиот регион.

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на иранските граѓани: „Се приближува часот на вашата слобода“, изјава што дополнително ја зголеми дипломатската напнатост.

— реклама —

Светските лидери во меѓувреме повикаа на итно враќање кон дипломатски решенија и деескалација, предупредувајќи дека постои реална опасност конфликтот да се прошири на поширокиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

Иран сè уште располага со до 2.500 балистички ракети и покрај американските и израелските напади

Свет | пред 4 дена

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Експлозии и сирени во Бахреин, Иран тврди дека нападнал американска воена база

Свет | пред 4 дена

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања