ЕСМ ја објави причината за пожарот во Блок 3 во РЕК „Битола“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Се работи на оспособување на трансформаторот на Блок 3 во РЕК „Битола“ кој беше ошететен во пожарот минатиот петок, а според првичните наоди, причина за пожарот е висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем.

— реклама —

– Стручни лица од РЕК „Битола“, со поддршка на колеги од МЕПСО и „ЕВН Македонија“, како и експерти од техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот минатиот петок. Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем, информира денеска АД ЕСМ.

— реклама —

Генералниот директор и директорот на производство во АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Благојче Трповски најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.

— реклама —

Од компанијата информираат дека двајцата директори изразиле задоволство од зголемената динамика на ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола и формирањето на солидни залихи на депонијата од која се снабдува термоелектраната.

– Во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2 кој во недела треба да биде ставен во функција, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања