Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЕСМ продава ноќни вишоци по поевтина цена од цените на берза, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
esm

Дуото Ковачевски ја донесе енергетска криза до состојба на ескалација, криминалот и неспособноста на дуото Ковачевски ги пљачка граѓаните и продава евтина струја произведена во Македонија на трговци кои потоа ја препродаваат за големи заработки. Имаме нов доказ за тоа, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„АД ЕЛЕМ за период за периодот од 1 до 5 август, продава ноќни вишоци по цена од 245 евра за MWh додека за истиот тој период цената на струјата на HUPX е 372 евра за MWh. Разликата односно заработка која некој трговец си ја ставил во џеб е 158.550 евра. Веќе објавивме дека преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во повеќе периоди се јавува фирмата ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ која се јавува како купувач на струјата и во овој период.

— реклама —

Она за што СДСМ немаат одговор е прашањето дали поранешен директор на агенцијата за странски директни инвестиции во периодот од 2004 до 2006 година, кадар на СДСМ е лицето кое работи во истоимената фирма што може да се види преку неговиот профил на лицето на социјалната мрежа LinkedIN каде како работно место му е наведено дека е регионален менаџер за односи?

Дали вака се договара заработката за трговците која ја плаќаат граѓаните? Заклучокот од се ова е дека македонија, граѓаните и ЕЛЕМ за само 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.

— реклама —

Лажни се тврдењата на СДСМ дека обезбедуваат поголемо домашно производство на електрична енергија, а уште поголема лага е дека СДСМ помага со субвенции на сметките на струја на домашните фирми. Македонското стопанство плаќа цена на струја и до 800евра за MWh, а во исто време домаќинствата плаќаат до 50% повисоки сметки за струја, во споредба со лани.

— реклама —

Граѓаните се во длабока сиромаштија, а фирмите пред затворање. Сето тоа е вина на власта која наместо да помогне, овозможува профит на поединци блиски до неа“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања