Промени тема
Контакт

ЕУ час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија, а војната во Украина мора да запре, вели Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikoloski25012022

Овие два дена во Стразбур се одржува вонредна сесија на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Основна тема е војната во Украина и сета онаа несреќа која што се случува во Украина. Бројни човечки животи се изгубени, многу добра се уништени, и има веќе десетици и стотици илјади бегалци. Овој воен конфликт, оваа војна агресија, оваа војна мора да запре, вели Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„И тоа е она основно што го дискутираме овде во Стразбур. И исто така се размислува и за исклучување на Руската федерација од активностите во Советот на Европа заради непријателските активности кои што ги преземаат.

— реклама —

Она што особено го потенцирам е дека украинскиот народ и македонскиот народ имаат многу сличности. Како што е оспоруван украинскиот национален идентитет, така од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот национален идентитет. Како што е оспоруван украинскиот јазик, на ист начин од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот јазик. Како што страда украинскиот народ, страда и македонскиот народ.

И затоа сме ние два народи кои што се борат за демократија и за слобода.

— реклама —

И затоа оттука од Стразбур ја повикувам ЕУ ден поскоро, час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ. Затоа што е само пат кон демократија и кон почитување на основните човекови права.

— реклама —

Ги оставаме на страна разликите, во Македонија има власт која што е целосно неспособна, која што не знае да се справи со економската и политичката криза. Но, тоа се работи кои што ќе ги разговараме дома. Она што е битно е да ЕУ определи датум за почеток на преговори со заштитен македонски национален идентитет и со заштитен македонски јазик“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања