Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЕУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедност на небото, лажната проевропска сакаше да инсталира партиски војник без квалификации за директор, обвинува Стоилковски.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mkd-eu-makedonija-eu-nato

„Лажната проевропска коалиција СДС и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

— реклама —

Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон Загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија.

Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што цела недела НАТО држави се загрижени за безбедноста на македонското небо, а ЕУ бара итно расчистување на корупцијата, кронизмот во Македонската навигација.

А, каков е одговорот на лажните проевропејци од СДС- ДУИ?

— реклама —

По цела недела укажувања, Владата се обидува повторно да инсталира член на партиските банди за директор без потребни квалификации!

По цела недела укажувања, нема вистински правен одговор за Загрозување на меѓународниот авиосообраќај.

— реклама —

Цела недела мина од насилниот упад на партиска банда на ДУИ предводена од Беким Незири и 7-мина од блиските на врвот на ДУИ, цела недела нема правна разрешница, а Владата на сила турка формулација „колегијално кошкање“.

Ова е срамно, но и безбедносно прашање.

Но повеќе и од лажните пророци за европски вредности никој и не очекува.

— реклама —

Вистинска правна разрешница ќе има по изборите.

Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања