Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ ја блокирала ИПАРД 3, програмата вредна 130 милиони евра – СДСМ обвинува за корупција во врвот на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
ipard-1140x401-1

Европската Унија ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата, а од опозицискиот СДСМ тврдат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според соопштението на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата посочуваат дека директорот на Агенцијата, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бил уапсен поради сомнежи за злоупотреба на средства.

— реклама —

Од СДСМ обвинуваат дека власта повеќе од десет дена не ја информира јавноста за одлуката на Европска комисија, додавајќи дека, според нив, станува збор за сериозен удар врз земјоделството и агробизнис секторот. Тие предупредуваат дека земјоделците и компаниите кои планирале или веќе започнале инвестиции преку ИПАРД 3 може да останат без финансиска поддршка.

— реклама —

Опозициската партија наведува дека програмата, вредна околу 130 милиони евра, не треба да се гледа како изолиран случај, туку како дел од, како што велат, поширок модел на коруптивно однесување. Во соопштението се споменуваат и јавни набавки и тендери за кои, според СДСМ, постојат сомнежи за фаворизирање на одредени фирми.

СДСМ исто така ги отфрла претходните обвинувања насочени кон поранешни функционери и тврди дека тие служеле за дефокусирање од актуелните случувања поврзани со ИПАРД програмата.

— реклама —

Од партијата бараат брза, темелна и транспарентна истрага и одговорност од сите инволвирани во случајот, нагласувајќи дека јавноста мора да добие целосна слика за причините поради кои е доведена во прашање европската финансиска поддршка за земјоделството.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfrm7d2bpuidgfvHVxlg

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-librarydsbhts2aeoht28QTZzb

СДСМ: Мицкоски ја внесе Алта банка во Македонија, а сега се обидува да ја префрли одговорноста

Македонија | пред 2 дена

media-librarybusik94tnchbfo3guUM

Движењето ЗНАМ тврди дека повеќе од 30 члена го напуштиле СДСМ во Ѓорче Петров

Слајдер | пред 2 дена

media-librarytg6se3qaeag85vXuszA

СДСМ: Економската реалност е поинаква од ветувањата на Мицкоски

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања