„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ЕУ мобилизира вкупно 3,3 милијарди евра за Балканот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
evra

Европската унија во услови на пандемија има посебна одговорност да им помогне на партнерите од Западен Балкан, зашто нивната иднина е јасно во ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсола фон дер Лајен, објави dw.com.

— реклама —

За справување со корона-кризата и нејзините последици во земјите од Западен Балкан, Европската унија заедно со Европската инвестициска банка мобилизираше помош во вредност од 3,3 милијарди евра.

Целта на овој пакет е да се одговори  на итните здравствени и  хуманитарни потреби поради пандемијата на Ковид-19, како и да го помогне општественото и економско закрепнување на регионот, соопшти денеска Европската комисија во Брисел.

— реклама —

Европската комисија пред самитот ЕУ-Западен Балкан исто така најавува и широка долгорочна поддршка, која ќе биде претставена подоцна годинава во форма на Економски и инвестициски план за регионот.

Самитот наредната недела ќе се одржи преку видео-конференција, бидејќи првично планираната средба меѓу лидерите на Унијата и на земјите од Западен Балкан  во Загреб, не може да се одржи поради пандемијата на коронавирусот, објави dw.com.

Текстот во целост на: објави dw.com.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања