Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„'Еуромакс' во паника, очајни се во изнаоѓање на слабости, ама рудник нема да има!“ реагираат од „Еко долина“ и „Здрава котлина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
bk7ib3mhqkvtgbgv9hoq

Граѓанските иницијативи „Еко долина“ и „Здрава котлина“ реагираат на платените текстови објавени во десетици македонски медиуми кои опрадуваат отворање на рудник. Граѓаните порачаа дека платените текстови нема да им помогнат и наведуваат причини за тоа. Истовремено, констатираат: „Еуромакс во паника“.

Реакцијата на двете иницијативи во целост:

Во последните триесетина дена, во многу електронски медиуми, во рубриките "комерцијално" или спонзорирано, што значи платен и нарачан текст, скоро секојдневно осамнуваат разни текстови, од разни металурзи, геолози, но и главни уредници и новинари, со главна цел - наша дискредитација, а со тоа концесионерот во заминување Еуромакс, да го прикажат како кутра жртва.

Уште на почетокот, да им кажеме дека тоа нема да им успее, па макар ги потплатиле сите медиуми. А еве и зошто:

Сите кои ги читаат овие гнасни небулози, измислици, инсинуации, можат да сфатат, дека сите тие текстови се нарачани и платени, а авторите одработуваат за пари. А на платеници не може да им се верува. Колку се очајни во изнаоѓање наши слабости, говори и фактот, што на крај не обвинија дека сме анти НАТО и анти ЕУ, затоа што наводно според нивната искривена "логика" сме биле платени Руски агенти!!?? Што значи тоа, што сакаат да постигнат и што може да заклучиме од таквото спинување:

1. Еуромакс не е веќе подржан од Западните земји, па во очаен обид, да го поправат впечатокот, нас не прикажуваат како "Баба Рога" и како антидржавни елементи, па "неплатениот експерт" Виктор Грозданов дури побара да бидеме "неутрализирани".

Тие, на кои се повикуваат овие пропагандисти, многу добро знаат кој е кој, така да ни играта на Руската карта, не ги спасува.

2. Нападите кон Владата, а поготово кон Министерката за Животна средина и просторно планирање, значи дека ја немаат веќе подршката и од Владата, па очајот е се поголем.

— реклама —

3. Но нападите и кон МАНУ, кон Академици, од областа на геологија и рударството, значи дека ја немаат ни подршката и од оние кои се најкомпетентни да кажат кој е во право и дали ни е потребен рудник во најплодната земјоделска котлина во Македонија.

4. Долните напади врз поединци активисти, од раководството на Здрава Котлина и Еко Долина, покажува дека оваа им е последен очаен обид, на своите акционери, да им покажат дека нешто сработиле, за огромните пари, кои ги земаа досега, а и сеуште ги земаат, а ефектот е нула.

5. Оваа акција, оваа расфрлање со пари, е уште една, се надеваме последна епизода од нивното прикажување како "Општествено одговорна компанија" и наликува на неуспешната акција, во минатото, кога даваа ралца и плугови, за купување на јавното мислење.

Многу добро знаат, колку им била успешна акцијата, со поткупување на мал број нивни симпатизери, од неколку илјадната бројка на нашите подржувачи кои излегоа на последниот протест. Од сето ова, јасно се гледа паниката во редовите на Еуромакс, кои како давеник се фаќаат за сламка, очекувајќи некаков спас.

— реклама —

Колку им се ближи крајот, толку и нивните обиди за реализација на нивниот план, да се докопаат до дозволата за работа, па да ја продадат, ќе бидат се побесмислени и ирационални.

Тие многу добро знаат дека до меѓународен арбитражен суд, не можат да дојдат, а ние им го откривме планот, како да се договорат со министри од Владата, да се договорат спогодбено и да наплатат во име на некаква наводна отштета, огромна и бесмислена сума на пари од Македонија.

Очигледно, и овој план, не им бил одобрен од, токму оние Западни земји, на кои не кодошат, па сега, не можејќи да ја прифатат губитничката ситуација, која никогаш не им била опција, се глупираат, постирајќи нарачани и фабрикувани текстови, напаѓајќи ги луѓето кои ја стекнаа довербата кај народот, во изминатите седум години.

Народот знае, кои се авторите на текстовите, но ги знае и нарачателите, а многу е лесно да се разбере и зошто, но исто така знае кои сме ние, од Еко Долина и Здрава Котлина, така да ова пишување е само пукање во празно, па дури им сме и благодарни, што они, плаќаат, за да ја одржуваат темата "рудници" актуелна, а со тоа ни прават услуга и промоција на нашата борба, за која не можеме да им се одложиме. Битката ја добивме ние, бранителите на нашите домови, а војната завршува на зелената маса, на која ние нема да седиме, туку оние кои ги повикаа, сакајќи ВИН-ВИН ситуација, ем пари за сите нив. Но, сопственик на државата не се оние кои привремено управуваат со неа, туку народот! А НАРОДОТ НЕ САКА И ЗАТОА НИТУ ОТШТЕТА НИТУ РУДНИК ЌЕ ИМА! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!“.

— реклама —

 

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fzdravakotlina%2Fposts%2Fpfbid0CC4HtpTorUBPkZAboMzMv7TFdaEKLowkEZv4C4sGAR5YijDbjGu6pCNegHhza14Zl&show_text=true&width=500" width="500" height="250" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

 

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fekodolinanovoselo%2Fposts%2Fpfbid0gq2vyCE7RcLBfYqq825ASCF1QExx9zSt5jACHmetKd1zi5nfaJZdBugQ9ior26QFl&show_text=true&width=500" width="500" height="812" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања