Еуростандард банката на Трифун Костовски, оди во стечај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
eurostandard

Народната банка и ја одзема лиценцата за работа на Еуростандард банка, чиј мнозински акционер е бизнисменот Трифун Костовски. Утре, до надлежниот суд ќе биде испратено барање за отворање стечајна постапка. Според Гувернерката Анита Бежовска вложени се сите напори оваа банка да не згасне, но кредитните загуби биле големи.

— реклама —

Гувернерката Бежовска ги повика останатите банки доколку треба, да излезат во пресрет и да ги преземат кредитните обврски што клиентите ги имаат кон банката. Но, последниот збор за тоа како ќе се враќаат обврските ќе го има стечајниот управител.

Мнозинскиот акционер Трифун Костовски, во изјава за печатен медиум ја обвини Народна банка за двојна игра на штета на банката и најави прес конференција на која ќе бидат изнесени сите детали. Оваа банка беше основана во 2001 година со околу 170 вработени.

— реклама —

извор: Алсат М

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања