Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Еве ја разликата ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, Ковачевски ги слуша и почитува, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-11-14-231059

СДСМ ги слуша проблемите на студентите, работи за нив и ги вклучува во носењето на политиките, кои што ги засегаат, вели СДСМ

„Триесет години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса, но времињата кога некој можеше да си погрува со студентите како што сака, поминаа.

— реклама —

Поминаа и времињата кога партиски злоупотребуваната полиција тепаше студенти на плоштади, во библиотеки и студентски домови како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, самоиницијативно се сретна со сите лидери на студентските движења и заедно низ дијалог најдоа заедничко решение за студентскиот оброк, како и за други прашања во врска со студентскиот стандард.

Студентскиот оброк, за прв пат воведен пред две години од страна на СДСМ, на предлог на СДММ, ќе продолжи да се користи по старите критериуми.

— реклама —

Студентите ќе бидат вклучени во работната група, која ќе работи на креирањето на законско решение, кое ќе биде системско.

— реклама —

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ги слуша и почитува студентите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која своевремено ги тепаше и злоупотребуваше студентите за свои партиски цели. Разликата е јасна и очигледна.

СДСМ посветено работи на евроинтеграцијата на државата, за европската иднина, да можат студентите да живеат како нивните врсници во сите други држави членки на ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања