Владата на Македонија денеска ја објави листата на компании кои земале државна финансиска помош за минимална плата, но не ја исплатиле на своите вработени.
Листата може да ја погледнете ТУКА!
Имено, претходно во саботата, директорката на УЈП Сања Лукаревска посочи дека платата за месец ноември во 2020 година не ја примиле дури 782 вработени од вкупно 245 работодавци кои користат финансиска помош.
За 245-те работиодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска.