Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Еве кои се најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2019

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Секторот за локален економски развој  на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, избраа „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје.

— реклама —

На Манифестацијата којашто традиционално се оддржа по 12-ти пат, плакетите на најдобрите им ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој  на Град Скопје.

- Се надевам дека извештаите од истражувањето од минатата година Ви беа од корист за да ги воочите недостатоците и да се коригирате во одредени сегменти - изјави Марко Тодоров.

— реклама —

Тој додаде дека според него Скопје има со што да се пофали кога се во прашање угостителските објекти од овој тип, бидејќи се следат светските трендови, се отвораат нови, поубави локали и стандардите растат.

Тодоров се заблагодари на Агенцијата “SWOT Research” за професионалната посветеност и изрази надеж за долгогодишна соработка.

Годинава преку тајни купувачи за најдобри три ресторани се оценети: 1.Скопски мерак, 2. Bushi restaurant & terrace bar и 3. mkc club & restaurant; најдобри гостилници се: 1. Градска кафеана,  2. Дебар маало и 3. Кафана; најдобри кафулиња се:1. Speakeasy, 2. ДОБАР и 3. DEUS; и најдобри Lounge и мезе барови се: 1. ДISTRIKT BAR & KITCHEN,2. BrooklYnski JAZZ Bistro и 3. Barbakan Bistro Bar.

фото: Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања