Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Еве што ќе добие Иванов по завршувањето на претседателскиот мандат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ivanov-veligden-1

— реклама —

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов побарале информација од Службата за општи и заеднички работи колкав е буџетот што му следува на Кабинетот на претседателот по завршување на мандатот и во  рамки на тој буџет кои се спецификите за формирање на кабинет на поранешен претседател, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„СОЗР има одговорено повратно на информацијата дека тој Буџет е во висина од осум проценти од годишниот Буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и оти во рамки на тој буџет Кабинетот на претседателот треба да поднесе барање до СОЗР за деловни простории итн.  До вчера вакво барање не  е поднесено“ рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

— реклама —

Според Законот за претседател, претседателите на кои им завршил мандатот имаат право:

– на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на Република Македонија,

– на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица,

– на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.

– да учествувана државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија.

– на материјални трошоци за потребите при остварувањето на неговите активности.

Парите се обезбедуваат од Буџетот. Во случај на смрт на претседателот за време на мандатот,  пензијата  намалена за 30% ја користат неговиот брачен другар и неговите малолетни деца  до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години возраст. Исто така имаат право на месечен паричен надоместок кој е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот и ова право брачниот другар го користи трајно.

Претседателските кандидати во текот на кампањата ветија дека ќе ги редуцираат законските привилегии на претседателите.

„Ние имаме закон за привилегии на претседател. Имам разбирање за привилегиите на семејството на Трајковски, но ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги укинат законските привилегии за претседателот“ кажа претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ  Силјановска.

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски вети дека ќе ги редуцира привилегиите на претседателот кои не одговораат со скромните ресурси на државата, како што е обезбедувањето.

Од поранешните претседатели,  Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет, а по 12 мај кога му истекува мандатот, право на пензија ќе има и Ѓорѓе Иванов.

Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања