„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Еве што утври Државниот здравствен и санитарен инспекторат вонреден инспекциски надзор во клиничката болница во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bolnica-bitola

По добиените сознанија дека на одделението по гинекологија и акушерство во ЈЗУ КБ „Трифун Пановски“ во Битола, на ден 01.01.2021година, царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин, инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат -ДСЗИ - ПО Битола, извршија вонреден инспекциски надзор.

— реклама —

По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската докуменатција за пациентката, изјави дадени од директорот на установата како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и превземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го превземе следните мерки:

До министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и превземените мерки од ДСЗИ

— реклама —

ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита

ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапување

При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот, превземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања