Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Евидентирани 5.660 новозаболени од грип во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
grip-12

Од Институтот за јавно здравје информираат дека расте активноста на грипот во државата, евидентирани се вкупно 5.660 новозаболени лица од сите градови во државата, што претставува 74 процентно зголемување. Лабораториски е докажано присуство на инфлуенца тип А и Б. Најголем број од заболените лица припаѓаат на возрасната категорија од 15 до 64 годишна возраст.

— реклама —

- Сите индикатори укажуваат на зголемена активност на вирусот на грип. За овој период од годината е очекувано да имаме тренд на пораст на заболени од грип и овој тренд ќе продолжи во наредната недела или две, по што очекуваме да се стабилизира и да почне да опаѓа бројот на новозаболени, рече д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Инаку, досега се регистрирани вкупно три смртни случаи од грип, од кои едно 14 годишно девојче и двајца мажи на возраст од 50 и 85 годишна возраст. Тројцата починати биле невакцинирани, биле лекувани со антиретровирусна терапија и имале бројни коморбидитети.

— реклама —

Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот. Исто така, Комисијата ја следи состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од проценките ќе предлага нови мерки и препораки, согласно состојбата на терен.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања