Евроамбасадорот Дејвид Гир даде лична забелешка за дел од скопските објекти, за кои кажат дека го губат својот блесок.
„Би сакал да дадам една лична и искрена забелешка. Јас навистина искрено се надевам дека вие ќе пружите само малку љубов и грижа за некои од знаменитостите во вашиот град кои го губат својот блесок, како што е Поштата во градот Скопје. На пример, зошто да не може шалтер- салата да се искористи како место за одржување на креативни активности, или Универзалната сала или пак Националната библиотека?“, кажа Гир.
Присутни во моментот кога беше дадена забелешката, беа скопската градоначалничка Данела Арсовска и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојческа.