Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Евроатланските аспирации на Северна Македонија во фокус на дебатите во рамките на „Охридскиот дијалог“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
25102019_VRSM_Ohridski_dijalog_Ohrid_3

Стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните инапредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот продолжува и попладнево во Охрид во присуство на потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, министерот заинформатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот заекономија КрешникБектеши, посебниот советник на премиерот Заев и Главен технички преговарач за ЕУ, Бојан Маричиќ, како и голем дел на дипломати од НАТО и ЕУ.

— реклама —

Темите на дискусиите се насочени кон евроатланските аспирации на Република Северна Македонија, како и кон стратегијата за реформи кои ги презема Владата во оваа насока.

— реклама —

Дискутантите се сложија дека евроатланските интеграции обезбедуваат сигурност за домашните бизниси и стремат кон групирање на своите капитали и ресурси. Конечната цел на ваквиот тренд треба да биде лесна адаптација и брза интеграција во тековните бизнис процеси во кои се вклучени членките на НАТО и на ЕУ.

Отвореноста на европскиот пазар, како и безбедносните гаранции кои ги нуди членството во НАТО овозможуваат формирање на нови бизнис идеи, како и создавање на нови работни места посебно за младата популација. На оваа тема беше дискутирано и за мигрантските трендови помеѓу младите луѓе, кои не се загрижувачки тренд само во Северна Македонија туку и во целајугоисточна Европа.

— реклама —

Имајќи ги овие индикатори предвид потребно е развивање на сеопфатна стратегија која би ги задржала младите луѓе во нивните татковини преку отворање на горе споменатите перспективи што е можно побргу.

— реклама —

Охридскиот дијалог кој е воорганизација на Охридската група, Владата на Република Северна Македонија и Атланскиот совет, продолжува во текот на целиот викенд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања