Промени тема
Контакт

Европратеници бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
evroparlament-1

Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до крајот на оваа година.

Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

— реклама —

-Предупредувајќи дека блокирањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија го загрозува кредибилитетот на Европската Унија на западниот Балкан, тие ги повикуваат Бугарија и Македонија да изнајдат компромис за билатералните прашања за да се избегне натамошно одлагање на процесот, стои во писмото.

Писмото е потпишано од известувачот за Македонија во Европарламентот, бугарскиот пратеник Илхан Ќучук, како и од други пратеници добро познати на македонската јавност – Тања Фајон, Дејвид Макалистер, Рајнхард Бутикофер и други.

— реклама —

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања