Европратеничката Ирена Јовева ја добива наградата „Светилник“ за поддршката на протестите и студентското движење во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Irena-Joveva

Европратеничката со македонско потекло Ирена Јовева годинава ќе ја добие наградата „Светилник“, признание што Белградскиот центар за безбедносна политика го доделува за исклучителна храброст и јавна одговорност.

— реклама —

„Светилник“ постои од 2023 година и се доделува на поединци кои преку своето делување се истакнале во заштита на демократијата и човековите права. Досегашни добитници се Александар Обрадовиќ и Катарина Петровиќ.

— реклама —

Јовева, родена во Словенија во 1989 година во семејство со македонски корени, ја започна кариерата како новинарка специјализирана за европски теми, а во Европскиот парламент влезе по изборите во 2019 година. Таму се профилираше како еден од гласните застапници за медиумски слободи, човекови права, младински политики и демократски стандарди во регионот.

— реклама —

Во образложението за наградата се наведува дека Јовева „постојано, јавно и без задршка реагира кога политичките слободи се загрозени“, и дека била меѓу ретките европски политичари кои силно ја поддржаа борбата на граѓаните и студентите во Србија за правда и демократски избори.

BCBP посочува дека нејзините јавни настапи, колумни и апели ја истакнале потребата Европската Унија да застане зад вредностите што ги проповеда, и дека човековите права не смеат да се третираат како локално, туку како универзално прашање.

Наградата ќе ѝ биде врачена на отворањето на Белградската безбедносна конференција, која се одржува од денеска до 19 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Angel-Dzambaski

Контроврзниот Џамбаски со навредливи тврдења на сметка на Јовева: „Ги мрази Бугарите, а татко и е од Босилеград“

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања