Промени тема
Контакт

Европратеничката Јовева со жестока порака за Бугарија: Правната држава не функционира „одвреме-навреме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library9307n6sskfl07MWd1vI

Европратеничката Ирена Јовева остро реагираше по дводневната работна мисија на политичката група „Обнови ја Европа“ во Софија, оценувајќи дека проблемот во Бугарија не е недостигот од закони, туку системското отсуство на одговорност и фактичкото разградување на правната држава.

Повод за нејзината реакција била изјавата на бугарскиот министер за правда, кој на прашање за игнорирањето на судските одлуки одговорил дека тие „не се игнорираат постојано“. Според Јовева, токму оваа формулација ја отсликува суштината на проблемот – како правната држава да е прашање на фреквенција, а не на принцип. Таа посочува дека владеењето на правото не може да функционира повремено, туку или постои, или не постои.

За време на мисијата, Јовева остварила средби со новинари кои, како што наведува, се соочуваат со системско ускратување на основни информации, додека истовремено се изложени на серија тужби и притисоци. Според нивните сведоштва, физичките напади станале непотребни, бидејќи заплашувањето само по себе е доволно ефикасно средство.

Средбите со поранешни и актуелни судии, како што пренесува европратеничката, откриле судски систем во кој кариерите зависат од лојалност, но не од лојалност кон законот или интегритетот, туку кон центрите на моќ. Привремените функции траат со години, мандатите на одредени носители никогаш формално не завршуваат, а со тоа никогаш не започнува ниту одговорноста.

— реклама —

Јовева посебно ја издвојува средбата со претседателката на Врховниот суд, пред чии очи, како што наведува, се урива легитимноста на правната држава. Во момент на силна емоција, претседателката, според Јовева, се извинила што е вознемирена. Но, европратеничката оценува дека тоа не е слабост, туку тежина на системот што ги крши оние кои сè уште се обидуваат да истраат.

Во разговорите со претставници на граѓанскиот сектор и антикорупциските организации, Јовева посочува дека постојат документи, снимки и сведоштва, но дека недостигаат епилози. Според неа, системот не ја бара вистината, а уште помалку правдата.

— реклама —

Најдиректната критика е упатена кон министерот за правда во заминување, од кого Јовева побарала објаснување зошто се игнорира јасна судска одлука дека главниот државен обвинител е незаконски на функцијата, како и зошто политички неподобни лица лесно се лишуваат од слобода, додека институциите се разградуваат. На прашањето дали ваквата состојба е во согласност со европските обврски на една земја-членка и кој ќе понесе одговорност, одговорот, според неа, бил релативизирачки и загрижувачки.

Јовева оценува дека проблемот во Бугарија е и европски проблем. Таа потсетува дека Европската унија располага со механизми за условување и алатки за дејствување, но дека недостасува политичка храброст тие да се применат кога тоа е непријатно. Без реални последици, нагласува таа, нема ниту реални промени.

— реклама —

Најавува дека извештајот од мисијата ќе биде остар, без разубавување и цврсто заснован врз факти, а доколку биде потребно, ќе следат и конкретни мерки. Не за да се казни Бугарија, туку затоа што, како што порачува, никој не е должен да живее во систем во кој правото важи само „одвреме-навреме“.

„Кога судијка се извинува што е човек, а власта се извинува што ги игнорира пресудите, ги толерира киднапираните институции и ги дисциплинира критичките гласови – јас знам кому му верувам“, порачува Јовева, заклучувајќи дека правната држава не може да постои селективно: или функционира целосно, или воопшто ја нема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Бугарија истражува дали експлозијата во магацин за оружје била саботажа

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryli93ib1bjrtm5KDGOP6

Силна експлозија во магацин за оружје во Бугарија, огнот го осветли ноќното небо

Свет | пред 1 седмица

media-librarygi8j9aqr8gv58alTlgX

Бугарската шефица на дипломатијата: Нема политичка волја во Скопје за спроведување на европскиот компромис

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања