Европска Комисија става “затка” на Бугарија за пасошите дадени на Македонци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bugarski-pasos

За Европската Комисија издавањето бугарски пасоши за Македонци е внатрешна работа во која таа не се меша. МИА побара одговор од Европската Комисија откако бугарскиот претседател Румен Радев се повика на македонските граѓани со бугарски пасош и се произнесе за неговите очекувања за исходот од пописот во Северна Македонија.

— реклама —

Додека Европската Комисија стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци.

— реклама —

-Натурализациите за кои прашување не се поврзани за доделување државјанство преку инвеститорски шеми, така што како што рековме и претходно ова е билатерално прашање, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија на прашањето на МИА.

— реклама —

Европската Комисија има регулации единствено поврзани за издавање државјанство на инвеститори кои немаат вистинска поврзаност со државата од која добиваат пасош. Ова се однесува на случаи како Кипар каде бројни руски бизнисмени добиваат кипарско државјанство, а со тоа стануваат и државјани на ЕУ со право на слободно движење, единствено врз основа на скапи инвестиции во земјата.

-Согласно ЕУ законите се бара, на пример, државјанството да не биде „продадено“, што значи да не се доделува преку етаблирање и управување со инвеститорски шеми за државјанство кои систематски водат до натурализација во замена со предодредени исплаќања и инвестиции – без вистинска поврзаност со земјата, велат од портпаролската служба на Европската Комисија која се занимава со правда.

Земјите членки на ЕУ, велат од Европската Комисија, имаат свои внатрешни правила за доделување државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања