Промени тема
Контакт

Европска земја подготвува забрана за паметни очила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-library1etnej2j7ue94P4guyQ
фото: unsplash

Норвешката влада подготвува закон со кој би се забранила употребата на паметни очила со камери на одредени јавни места, додека приватната употреба и натаму би била дозволена.

Местата на кои се планира забраната вклучуваат паркови, плажи, музеи, трговски центри, училишта, градинки, здравствени установи, спортски сали и јавни настани.

— реклама —

Норвешкиот министер за дигитални прашања Торгер Микелсен изјавил дека е загрижен поради тоа што „нова и моќна технологија се воведува на места каде што постои ризик луѓето да бидат фотографирани, снимани или аудиоснимани, а да не бидат свесни за тоа“.

Според него, целта е луѓето да не мора да стравуваат дека ќе бидат снимани без нивно знаење на места каде што очекуваат приватност.

— реклама —

Норвешката Лабуристичка партија, која ја предводи малцинската влада, ќе мора да добие поддршка од други партии за предлогот да биде усвоен. Владата најавила дека законот ќе го поднесе што е можно побрзо, а формирана е и стручна група која треба да подготви трајни правила за оваа област.

Слични ограничувања веќе се воведуваат ширум светот. Употребата на паметни очила е ограничена во одредени судници во Велика Британија и САД, додека пабови, ресторани и кина почнаа да ги забрануваат или ограничуваат поради заштита на приватноста и спречување филмска пиратерија.

— реклама —

Компанијата Meta продава паметни очила Ray-Ban и Oakley со камери, кои овозможуваат фотографирање и снимање видеа, телефонски разговори, слушање музика и користење функции на вештачка интелигенција. Meta од почетокот на 2023 година продала најмалку девет милиони пара очила Ray-Ban со овие функции.

Една француска организација за заштита на децата соопштила дека годинава примила околу 20 пријави од жени кои без нивно знаење биле снимани со камери вградени во паметни очила, главно модели на компанијата Meta. Во одредени случаи, снимките потоа биле објавувани на социјалните мрежи како шега или во форма на улично интервју.

— реклама —

Meta истакнува дека сите нејзини очила со камера се опремени со ЛЕД-светло кое трепка кога корисникот фотографира или снима видео. Светлото не може да се исклучи, а камерата се деактивира доколку некој се обиде да го покрие или попречи неговото функционирање.

Компанијата наведува дека очилата се многу популарни за слушање музика, телефонски разговори и преведување во живо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања