„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) го повикува лидерот на државата да обезбеди владеење на правото и да ги почитува правата на работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

По доказите кои Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) веќе подолго време ги изнесува, за непочитување на правото и повредата на правото на слободна на синдикално здружување пред меѓународниот фактор, Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) објави документ со кој го повикува лидерот на државата да ги почитува правата на работниците во согласност со меѓународни обврски, како и да обезбеди владеење на правото и изразија жалење за недобивањето датум на преговори. Ви ја пренесуваме во целост  изјавата на ЕТУК, донесена на Извршниот одбор на Пан-евроскиот регионален совет.

— реклама —

'' Жалиме за одлуката на Европскиот совет за неотпочнувње на  преговорите за пристапување во ЕУ на Македонија и Албанија и ја изразуваме нашата солидарност со работниците и нивните синдикати во овие земји. Тие се соочуваат со огромни предизвици на дефицит на пристојни работни места, непочитување на законите, ниски плати, високо ниво на неформална работа, како и систематска повреда на основните права и слободи на работниците, и на кои им треба јасна Европска перспектива со цел истите да ги исполнат.

Отворањето на преговорите можеше да ги натера овие земји да ги исполнат предизвиците, како и да ја реафирмираат непобитната улога на социјалните партнери во градењето одржливи, инклузивни и демократски општества.

— реклама —

Ги повикуваме лидерите на Северна Македонија и Албанија да ги почитуваат основните права на работниците во согласност со нивните меѓународни обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат Европскиот Социјален Модел.

Ги повикуваме и лидерите на Европската унија да започнат преговори за членство, но исто така и да се осигурааат дека правата на работниците се соодветно третирани и дека синдикатите се составен дел од тој процес.

Ја повикуваме новата Европската комисија да претстави нов модел на политиката на проширување на ЕУ, со поголемо внимание на социјалните права и заштита и со обезбедување целосна вклученост на синдикатите преку социјален дијалог како на европско ниво, така и на национално ниво.”

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања