Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Европски ден за граѓанска правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Основниот суд Скопје 2, Нотарската комора  и Комората на медијатори  денеска со низа активности ќе го одбележат Европскиот ден за граѓанска правда.

Основниот суд Скопје 2 организира отворен ден за граѓаните во свечената сала Врховниот суд на РМ, со цел тие да се запознаат со начинот на остварување на нивните права во судските постапки.

— реклама —

– Нашата мисија е владеење на правото, ефикасна и достапна правда за сите граѓани, стои во соопштението од Судот.

— реклама —

И Нотарската комора на Република Македонија ќе се приклучи во одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда преку организирање отворен ден во сите нотарски канцеларии низ државата.

– Нотарските канцеларии ќе бидат отворени за граѓаните во текот на цело работно време за да можат одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат пред нотарите, како и други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата, се наведува во соопштението од Нотарската комора.

— реклама —

Нотаријатот во Република Македонија како важен сегмент во правниот систем на државата и во иднина, како што посочуваат од Комората, ќе ги поддржува ваквите активности се со цел обзебедување поширок пристап до правдата на граѓаните.

— реклама —

По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Комората на медијатори на РМ во заедничка соработка со Институтот за Европска Политика (ЕПИ) и Центарот за правни истражувања и анализи, организира промотивен настан за медијација на отворено, во непосредна близина на Дом на АРМ во Скопје.

– Сите заинтересирани ќе можат да бидат информирани за процедурите, предностите и придобивките од примена на постапката на медијација во решавање спор како и за улогата на медијаторот, преку непосредни разговори со медијаторите: Љупчо Сотироски, Бранко Ушковски, Роза Алексова, Фросина Кипровска Лукиќ, Дејан Белевски, Славе Младеновски, Илија Манасиев, Гордана Атанасова, Надежда Неделковска, Маја Ристовска Стојановска и Ирена Цветковска, како и од претставниците на Институтот за Европска политика и Центарот за правни истражувања и анализи, информираат од Комората за медијатори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања