Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Европскиот пат го блокираше СДС и Ковачевски, преземаа обврски, без да имаат можност да испорачаат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_6

Европскиот пат го блокираше СДС и Ковачевски, преземаа обврски, без да имаат можност да испорачаат, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„СДС и Ковачевски знаеја дека немаат 2/3 мнозинство во Собранието за промена на Уставот, и покрај тоа прифатија обврски за државата, тие беа свесни дека не можат да испорачаат, но свесно ја заглавија Македонија, само за да се сликаат еднаш и да кажат дека нешто направиле.

СДС и Ковачевски немаат мандат за промена на Уставот, бидејќи граѓаните, ниту ним, ниту на било која друга политичка партија во парламентот не дале мандат за такво нешто.

— реклама —

Не може да се носат стратешки одлуки за државата, кои ќе имаат национални последици, без за тоа да се праша народот.

— реклама —

СДС и Ковачевски знаеја дека ќе ја донесат државата во ќорсокак. Зошто го направија тоа треба самите да кажат.

Единствен излез се предвремени парламентарни избори, на кои доколку се уверени во исправноста на своите политики за промена на Уставот нека настапат со истите како главно изборно ветување. СДС знаат дека народот нема да ги поддржи и затоа и бегаат од избори.

— реклама —

Ковачевски нема каде веќе да се крие, и пратеници од неговата партија се за избори, единствена пречка е неговата суета и политичка кариера, која знае дека ќе заврши во 21 часот на денот на гласање, зошто ќе освои најмал број гласови кои СДС некогаш ги освоил“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања