Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Европските и британските преговарачи се договорија околу нацрт-договорот за Брегзит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Претставници на Велика Британија и ЕУ се договорија околу нацрт текстот на договорот за Брегзит по големиот пробив во преговорите, пренесе Би-би-си.

— реклама —

— реклама —

Извор од кабинетот на Владата за Би-би-си изјави дека е постигнат договор за документот на техничко ниво по што преговорите се зајакнати.

Состанок на кабинетот на министри на британската влада ќе се одржи утре, а на него премиерката Тереза Меј ќе побара поддршка од министрите за договорениот нацрт договор за Брегзит.

— реклама —

Пред состанокот секој од министрите ќе мора да се состане со премиерката насамо, јави Би-би-си.

Инаку, за време на преговорите најмногу недоразбирања произлегле околу границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска.

Ирската телевизија РТЕ претходно денес објави дека британските и европските преговарачи усогласиле текст за границата во Ирска, а тогаш додадоа и дека тоа не значи дека преговорите за Брегзит се до крај заклучени.

Ирската национална телевизија пренесе дека текстот е договорен доцна во понеделникот, а потоа проследен до Лондон и цитираше извори кои велат дека договорот е „најстабилно можен“, но дека не би било точно да се каже дека преговорите се „заклучени“.

— реклама —

Договорот вклучува т.н. „бекстоп“, заштитен механизам, благодарение на кој границата на ирскиот остров би останала отворена по Брегзит.

„Извор потврдува дека текстот за договорот за развод е договорен на техничко ниво“, напиша на Твитер Лаура Кенсберг, политичка уредничка на Би-би-си, додавајќи: „Владата ќе се состане утре рано попладне ... тогаш и официјално ќе потврдат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања