Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Европските Либерал-демократи со поддршка за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
777-620x350-1

Делегација на Либерално-демократската партија, составена од Претседателот на ЛДП, Горан Милевски и Зоран Шапуриќ, министер во владата на РМ од редовите на ЛДП, учествуваше на состанокот на Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа) кој се одржа на 9 и 10 февруари 2019 година во Берлин, Германија.

— реклама —

„На состанокот на Советот, помеѓу другото беше усвоена и Резолуција со која Европските либерал-демократи ја подржуваат Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската Унија, оваа година.

— реклама —

Со Резолуцијата се поздравува Преспанската спогодба и решавањето на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција, како позитивен пример за градење на доброседедски односи во Регионот на Југоисточна Европа и во Европа, воопшто.

АЛДЕ, исто така, го поздравува потпишување на Протоколот за приемот на Македонија во НАТО и ги повикува сите земји членки на НАТО да го ратифицираат протоклот во што е можно покус рок, притоа потенцирајќи ја својата долгогодишна поддршка на Македонија и на Либерално демократската партија.

— реклама —

Истовремено со усвоената Резолуција се осудува давањето на азил на поранешниот премиер Никола Груевски од страна на Унгарија.

— реклама —

За време на настанот, делегацијата на ЛДП оствари бројни средби со Претседатели на сестринските партии од Европа како и со Пратеници во европскиот Парламент од редовите на АЛДЕ“, се вели во соопштението од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања