Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Европско знаменце за лотариите на Груби - нова злоупотреба?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
grubi

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, обелодени уште една злоупотреба на европското знаменце.

— реклама —

„Би сакал денес да го искажам ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уште една злоупотреба на европското знаменце за Закон кој што нема врска со европската регулатива, а се однесува на потпишаните одлуки на Артан Груби за неговите лотарии каде што главни партнери се вработени во кабинетот на Артан Груби, политичката партија ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чии што фирми се наоѓаат црната листа на САД.

Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконити, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите кои што ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во кои што во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби“, кажа Милошоски.

— реклама —

Тој обвини дека се прави приватизација на игрите на среќа и ДУИ од партија која што се брендираше во Зелена партија, станала партија коцкарите и казината.

— реклама —

„Ова е уште еден неевропски потег на таканаречената Коалиција за Европа за што реагираше и Претседателот на Австрија, кој што дојде тука во Македонија и кажа дека злоупотребата на европското знаменце за игрите на среќа е против европската регулатива и странските инвестиции кои што Австрија ги има во овој сектор.

Затоа сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика што на вицепремиерот Груби му се брза да ги покрие незаконитите одлуки кои што веќе ги потпишал. Ќе повторам, три одлуки потпишал за нови онлајн лотарии и една одлука за нова видеолотарија.

— реклама —

Сите тие одлуки се незаконити и затоа се брза со овие законски измени за да се покрие незаконитоста за која што веќе има судски спор против државата Република Македонија“, посочи Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања