Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Евровизиската победничка Дара и Новак Ѓоковиќ снимија видео со хитот „Бангаранга“ во Атина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryr57odj07gc5a6x8BgPU
Инстаграм / Дара

Бугарската пејачка Дара сподели необично искуство од своето патување во Атина, каде сосема случајно се сретнала со најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

— реклама —

Пејачката на социјалните мрежи објави видео на кое заедно со Ѓоковиќ и неговата ќерка Тара танцуваат на нејзиниот хит „Бангаранга“, песна со која годинава победи на Избор за песна на Евровизија 2026.

„Вчера сосема случајно го сретнав Новак додека вечерав – најнеочекуваната средба, но некако се чувствуваше како да било пишано да се случи“, напиша Дара покрај видеото.

— реклама —

Пејачката додаде и дека средбата ја доживеала како доказ дека светот е навистина мал и дека понекогаш судбината знае да приреди неочекувани моменти.

— реклама —

Дара годинава триумфираше на Евровизија со песната „Бангаранга“, освојувајќи вкупно 516 поени. По победата беше свечено пречекана на аеродромот во Софија, а песната брзо стана хит на социјалните мрежи, каде што многумина снимаат видеа и кореографии инспирирани од неа.

Меѓу нив се најде и Новак Ѓоковиќ, кој повторно привлече внимание со танцувачкото видео снимено во друштво на победничката на Евровизија и неговата ќерка Тара.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања