„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Еврпскиот ден на логопедијата одбележан во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_20190306_111238

По повод Европскиот ден на логопедијата 6 март, ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Битола и ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје, во соработка со Европскиот комитет на логопеди, ја организираа втората конференција за одбележување на овој ден.

— реклама —

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска во поздравниот говор ја посочи поддршката која што општината им ја дава на логопедите и на институцијата, која прва во земјава, го третира проблемот со комуникациите од најмала возраст.

„Битола е градот каде што е формирана првата установа во државата којашто овозможувала ваква поддршка и токму затоа ова е причина повеќе да и се даде значење на оваа конференција. Организаторите по одржувањето на конференцијата секако ќе имаат можност да извлечат повеќе заклучоци во придонесот и значењето на работењето на логопедите, како клучна алка во современите методи за подобра комуникација“, истакна градоначалничката Петровска.

— реклама —

[caption id="attachment_29843" align="alignnone" width="3968"]  [/caption]

Директорката на битолскиот завод упати апел до здравствените власти во државата да го решат горливиот проблем со логопедите.

„За жал аутизмот се зголемува во епидемиски размери, а тоа покажува дека сериозно треба нешто да се менува во нашиот начин на живот. Веќе 64 години Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас Битола е исправен пред многу проблеми. Од основањето, заводите припаѓаат во здравствената струка, се финансираат од фондовите за здравство, а ние логопедите имаме огромни проблеми со конзервативните медицински структури. Логопедијата сеуште го нема најдено вистинското место во здравствениот систем и на овој ден, би сакала да го свртам вниманието дека рехабилитацијата на деца со посебни потреби е многу сериозна и хумана работа и заради тоа не треба да биде потценета од никого“, рече директорката на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Битола, Дивна Живорадиќ Најдовска.

„На овој ден логопедите треба јавно да ги кажат своите проблеми со кои се среќаваат во текот на работењето. Според меѓународната класификација на болестите, основната дејност на логопедите е здравствената дејност. Оттука, нашата прва заложба би била правилно дефинирање на логопедската дејност и добивање на статус здравствен работник самостоен давател на здравствени услуги со универзитетско образование од областа на вербалната комуникација во Законот за здравствена заштита“, посочи директорката на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје, д-р Силвана Филипова.

На конференцијата беа изложени повеќе трудови во првиот, конференциски дел, додека во вториот дел од се одржа тркалезна маса на тема „Местото на логопедот во системот и законската регулатива на РМ.

Европскиот ден на говорна и јазична терапија, годинава е под мотото аутизам/ комуникацијата ги поврзува сите делови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања