Чие е езерото Треска – на скопјани или на Општина Сарај?
Според документот, кој е Урбанистички план за надвор од населено место, комплексот е поделен на 4 блока. Во Блок 1, кој го опфаќа брегот на езерото, може да има спортски терени, аква-парк, игралишта, ботаничка градина, а мал процент може да биде и за дуќани или хотели. Во Блок 2 се планирани викенд-куќи кои ќе треба да се градат од дрво и камен, со почитување на шумскиот фонд. Во Блок 3 примарно е предвиден хотелски комплекс, но 40 тосто од просторот може да биде и за мали и големи трговски единици, култура, здравство. Нема да се гради на целиот простор бидејќи под дел од блокот се бунарите Треска-Лепенец. Во Блок 4 е предвидена градба на трговски центар, објави 360stepeni.mk.
Секој вработен скопјанец или скопјанка на крајот на 70-тите години одвоил дел од платата за да се изгради езерото Треска. До средината на 90-тите години рекреативниот центар, направен со самопридонес, ја имаше својата оригинална намена.
Но, во 1998 година езерото доби забрана за капење поради проблеми со филтрирањето на водата. Најупорните продолжија да доаѓаат, но деновиве, по 43 години од изградбата, дојдоа и багери.
Се уриваат постојните објекти околу езерото. А камперите добија 60 дена за да ги отстранат приколките.
Причината за рушењето на објектите и отстранувањето на приколките, според Општина Сарај, е планот за „слободна туристичка зона“. Оваа локална самоуправа го доби центарот на управување од Град Скопје, со одлука на владата на Никола Груевски во 2013 година. Владата на Заев, пак, во 2019 година почна процедура, со што се дозволи дел од земјоделското земјиште во околината да се трансформира во градежно. Тоа што централната власт ѝ го даде на хартија, Општината Сарај сега сака да го спроведе на терен.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.