Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Езерската РОК симфонија на Камелеон во недела со хуманитарна нишка, ќе се собираат средства за охриѓанецот Тачо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kameleontaco

По информациите дека повторно е потребна помош за охриѓанецот Тачо, концертот на Камелеон кој е закажан за недела ќе добие хуманитарна нишка, и во рамките на истиот ќе се собираат средства за помош на Трајан Целески- Тачо.

— реклама —

- Во соработка со охридскиот Црвен крст ќе организираме неколку пунктови на кои ќе се собираат средства. Посебно обележани кутии ќе бидат поставени на сите бродови, како и на самиот влез на настанот. Се надеваме дека сите заедно ќе помогнеме да се спаси животот на нашиот Тачо, порачуваат организаторите.

Пред 2 години Тачо се избори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се околу 20. 000 евра. Сите граѓани можат да донираат и на бројот за донации: 143 133 Т-mobile, како и на трансакционата сметка: 500600018999581 - Ристо Целески Стопанска банка АД.

— реклама —

Големиот концерт на групата Камелеон - Езерската РОК симфонија, кој ќе се одржи во недела, на 16-ти август на Градското пристаниште во Охрид.

— реклама —

Бројот на билетите е ограничен, па затоа сите кои сакаат да бидат дел од овој настан можат да го резервираат својот билет на броевите од бродовите или катамараните – брод „Армада“ 075/420-401, брод „Галеб“ 070/307-359, бродови „Александрија 1 и 2“ 077/854-758, брод „Кристина“ 078/816-766 и катамарани 078/697-031. Цената за следење на концертот од брод е 300 денари, а од катамаран 600 денари.

Најголемите хитови на Камелеон за оваа прилика ќе бидат изведени со посебни аранжмани и поддршка на Камерниот оркестар од Битола, хорот Vox Lychnidos, Ѓоко Танески, Жармена, Теодор Љушкоски, Горан Папаз и Никола Тони.

— реклама —

Концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања