Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Езерската вода кај Грашница во Охрид исправна за капење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
grasnica-ezero

Водата во Охридското Езеро на потегот на плажите „Лабино”, „Градска плажа-Мизо” и „Партизан” е од втора категорија, што значи дека може да се користи за капење, спорт и рекреација. Ова го утврдиле последните анализи за проверка на физичкиот, хемискиот и микробиолошкиот квалитет на површинската езерска вода, кои ги изврши Центарот за јавно здравје од Охрид.

Подобрувањето на квалитетот на езерската вода се должи на активниостите кои ги презедоа службите на МЈП „Прокава” за зголемување на протокот на вода, со удвојување на капацитетот на препумпните станици кај Далјан и Подмоље, до 400 литри на вода во минута. Исто така, извршени се и санации на дел од полжните пумпи, а со помош на службите на ЈП „Нискоградба” извршено е и чистење на секундарната канализација во потегот на крајбрежјето кај Грашница.

— реклама —

Во текот на понатамошниот период, постојано и тековно ќе бидат преземени активности за нормално функционирање на колекторскиот систем во овој потег на Охридското крајбрежје, со цел да не се повтори состојбата со загаденост на езерската вода, која беше евидентирана во првата половина на месец јули.

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања