Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Фајзер: Вакцината кај деца меѓу 5 и 11 години успешна 90,7%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

vakcina-kovid-fajzer

Компанијата Фајзер објави дека вакцината е 90,7 отсто успешна против ковид за време на клиничкото тестирање кај деца на возраст меѓу пет и 11 години, објави денеска американскиот производител.

За време на тестирањето, 16 деца кои примиле плацебо биле заразени со Ковид, во споредба со три деца кои биле вакцинирани, рече Фајзер при поднесувањето на документацијата до Американската агенција за храна и лекови (ФДА), пренесе Ројтерс.

— реклама —

Бидејќи меѓу 2.268 учесници во тестот, двојно повеќе деца примиле вакцина отколку плацебо, резултатот покажал дека вакцината била над 90 проценти успешна.

— реклама —

Клиничките испитувања на деца на возраст меѓу пет и 11 години не се првенствено дизајнирани за мерење на ефикасноста против Ковид, туку за споредба на количината на неутрализирачки антитела кај вакцинираните деца со оние кај возрасните.

— реклама —

Врз основа на овие резултати, Фајзер минатиот месец рекоа дека нивната вакцина создаде силен одговор кај децата.

Советниците на ФДА ќе се состанат во вторник за да гласаат дали да препорача агенцијата да ја одобри вакцината за таа возрасна група (од пет до 11 години).

Целосно вакцинирани се 190 милиони луѓе во САД, од кои 11 милиони се деца на возраст од 12 до 17 години и примиле Pfizer.

Доколку ФДА ја одобри вакцината за деца на возраст од пет до 11 години, група советници од американскиот Центар за контрола и превенција на болести ќе се состанат на 2 ноември за да дадат препораки до агенцијата за дистрибуција на вакцините.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања