„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Фактор: Во четири очи планирани се над 11 милиони евра, за нов рекорден договор за учебници во 2019 та

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ucebnici

Во две набавки, без објавување на претходен оглас туку во преговори, Министерството за образование и наука и годинава ќе ги купува учебниците за основно и средно образование. Ова стои во планот за јавни набавки за годинава кој министерот Арбер Адеми го потпишал пред неколку дена. Само овие две набавки вредат вкупно 680 милиони денари што ќе ја направи оваа институција, повторно, меѓу тие кои се најголеми потрошувачи на годишно ниво. Проценето е учебниците за основно образование да чинат 586 милиони денари, додека тие за средно образование 92 милиони денари. И двете набавки во четири очи се планирани во текот на мај и јуни, објави порталот ФАКТОР.

— реклама —

-Инаку годинава планираните јавни набавки на Минситерството се во вкупна вредност од над 1,2 милијарди денари. Тоа значи дека повеќе од половина од вкупно планираната сума за јавни набавки се предвидени за учебници. Рехабилитација на основни и средни училишта со 75 милиони денари е на трето место, а понатаму планирани нови договори според висината на сумата е набавката на интернет за пренос на податоци од училиштата и средните домови (30 милиони), опремување на лаборатории на основните училишта (31,43 милиони денари), санација на мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (27 мил.), довршување на фискултурна сала во ОУ во село Дебреше (32 мил) и реконструкција на земјоделското училиште Кочо Рацин (30 мил.) итн, пишува порталот.

Целата вест прочитајте ја на ФАКТОР

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања