Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Фактор.мк: Извршителка наплати 310.000 евра од два инспекторати и општина за смртта на тројцата угледни стружани во 2010

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
izvriteli

Охридската извршителка Гордана Џутеска на 13 јануари наплатила солидарно  310.000 евра преку 40 трансакции од Државниот пазарен инспекторат за смртта на тројцата угледни струшки граѓани - докторите Јосиф Докоски и Кире Ѓоргоноски, како и финансискиот инспектор Јонче Кувенџиески од струен удар на див шанк во струшко Пливалиште во 2010, објави Фактор.мк.

— реклама —

Како што пишува порталот блиските на тројцата познати трагично загинати стружани преку судски одлуки успеале да дојдат до обештетување кое како одговорни за смртта требало да им го исплатат Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Општина Струга, кои своевремено не делувале превентивно и не ја отстраниле опасноста, односно не го затвориле објектот пред да дојде до несреќата..

Државниот пазарен инспекторат одлучил да плати релативно навреме за да не му биде блокирана сметката и ја исплатила солидарно сумата до извршителката Џутеска за сите три субјекти, од кои се бараше сумата на три подеднакви дела. Директорот на пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, за „Фактор“ вели дека сега очекуваат од трудовиот инспекторат и од Општина Струга да им ги вратат парите кои ги уплатиле и за нив.

— реклама —

Текстот во Целост на ФАКТОР.МК

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања