Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Фалсификувал потврди дека дарувал крв за да добие платено отсуство, кривична за полициски службеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarykgqvfs23kitm9kg6alB

Полициски службеник вработен во Министерството за внатрешни работи е осомничен дека фалсификувал две потврди за дарување крв за да искористи платено отсуство од работа. Против него е поднесена кривична пријава за фалсификување исправа, информираат од МВР.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, односно до специјализираното одделение надлежно за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

— реклама —

Според пријавата, А.А., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, иако на 3 март и на 9 јули 2026 година не дарувал крв во Институтот за трансфузиона медицина при комплексот клиники „Мајка Тереза“, наводно изготвил и употребил две лажни потврди за дарување крв.

Врз основа на овие потврди, тој подготвил две барања за користење платено отсуство. Првото се однесувало на 3, 4 и 5 март, а второто на 9, 10 и 13 јули 2026 година. Според МВР, пријавениот ги искористил отсуствата.

— реклама —

Поради сомненијата за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик, против полицискиот службеник е поднесена кривична пријава.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола најавува и поднесување предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 17 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 18 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања