Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

„Фалсификувале исправа“ и склучиле договор за купопродажба на автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
srpska-policija

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С.(66) од Кичево и Ф.Х.(47) од Косово, со постојан престој во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против Г.М.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа”.

На 17.12.2015 година прво и второ пријавениот склучиле договор за продажба на патничко возило „Форд Ескорд“, на име на првопријавениот, при што договорот не  бил заведен од надлежен странски орган. На 12.12.2016 година Ф.С., ваквиот договор го употребил како вистински во постапката за регистрација на возилото во управните служби во Кичево.

— реклама —

По ова, на 20.01.2016 година, пријавените повторно склучиле договор за купопродажба на истото возило од Ф.С. на Ф.Х., иако возилото и понатаму останало во фактичко и правно владение кај Ф.С.. После тоа, Ф.Х. во два наврати го употребил договорот како да е вистински со цел регистрација на возилото. Третопријавениот, со давање на совети и упатства, со умисла им помогнал на Ф.С. и Ф.Х. да ги сторат кривичните дела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања