Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Фалсификувале купопродажен договор за продажба на патничко возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
frontera

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(46) од Гостивар, Ф.Х.(47) од Косово, со постојан престој во Гостивар, О.Ј.(45) од Охрид и Е.И.(29) од село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“, ,,фалсификување или уништување на деловни книги“, ,,фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

— реклама —

Во текот на декември 2016 година првопријавениот изготвил фалсификуван купопродажен договор за продажба на патничко возило „Опел Фронтера“, на кој фиктивно како продавач го прикажал второпријавениот, а второпријавениот го потпишал договорот иако знаел дека е со невистинита содржина. Откако го завериле на нотар, го употребиле во постапка пред Бирото за метрологија во Скопје за добивање на согласност за регистрација на возилото.

Третопријавениот, знаејќи дека возилото не може да се регистрира, му дал парични средства на четвртопријавениот, за да му обезбеди целосна документација за возилото, по што лажните документи ги употребил во царинската испостава во Струга.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања