Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Фамилија Ковачевски се богати на грбот на граѓаните, а Ковачевска по багателна цена добива државно земјиште за изградба на фотоволтаици, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
elena-kovacevska

Рамо до рамо, СДС до ДУИ, за тендери, криминали и лични богатења на функционерите на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„За криминалците на СДС и ДУИ небитно е што секој ден стопанските комори бараат помош од државата, а синдикатите бараат поголеми плати за работниците, нив им се најбитни тендерите и богатењето.

— реклама —

Додека замрзнуваат, па одмрзнуваат, па ги реведираат цените, а граѓаните не можат да си ги купат ниту основните прехранбени производи пред празниците, Владата на СДС и ДУИ само со еден потпис на Груби им го зголеми богатството на фамилија Ковачевски.

— реклама —

Со одлука и потпис на Артан Груби, фамилијата Ковачевски доби земјиште по цена од само 70 денари по м2.

За околу 1.300 евра фирма на фамилијата Ковачевски, каде што главен лик е госпоѓата Ковачевска добива земјиште за изградба на фотоволтаици од 1.119м2.

Една седница на Влада потпишува Ковачевски а се богати Груби, наредна седница на Влада потпишува Артан, а се богати Димитар.

Артан Груби му се одолжи на Димитар Ковачевски за целосната и безусловна одбрана на криминалот кој го прави неговиот брат со фамилијарните фирми, како и за матните тендери со надзорот на коридорите 8 и 10Д.

Потписот на Груби не го сокрива фактот, како и судирот на интереси, дека владата предводена од Ковачевски доделува земјиште на сопругата на Ковачевски.

Ваквата одлука на Владата со која и се доделува државно земјиште на сопругата на Ковачевски е само доказ за целосната одлепеност и забеганост на криминалците од СДС и ДУИ.

Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш треба да отвори случај за овој еклатантен пример за судир на интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања