Професорот д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, на социјалните мрежи го искоментира случајот со труење од пита со праз на скопско семејство. Жена на 47-години почина, а мажот и бабата се борат за живот. Сепак, Беќаровски појаснува дека причината е прсканиот праз со отровниот пестицид, туку како пестицидот се нашол во храната.
„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту ‘прсканиот праз’ ниту брашното во питата. Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек. Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“, објаснува токсикологот Беќаровски.
Засега, МВР не открива детали за тоа дали истрагата ги има првите сознанија како пестицидот се нашол во храната. Случајот бил пријавен вработените на Клиниката за токсикологија, каде биле донесени пациентите. Бабата и мажот се во тешка состојба, односно во кома.
Трагедија: Почина жена, сопругот и бабата се во кома - се затруле од пита со праз
Од труење со пита со праз, која било домашно направена, почина 47-годишна жена. Мажот и бабата која исто така конзумирале од питата се на КАРИЛ во тешка состојба. Според информации од Клиниката, тие се во комаРоднини на семејството, за ТВ Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил пестицид“. Тоа е инсектицид – опасен по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава. Најголемата дилема е како отровот
Скопје | пред 2 години