Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Фамилијата Груби во џеб става народни пари, наместо борба со корупција власта ја креира истата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
51527416724_29ef17fba6_c

Фамилијата Груби купува дуќани за џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Поедноставно тоа изгледа вака, Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.

Која е шемата со туристичките услуги? Ветон Груби како сопственик на ЕТЦ Травел наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции и тоа дури 8 пати. Потоа Владата во која втор човек токму Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна - секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби.

— реклама —

Со ова се крши Законот за спречување на корупција и судир на интереси или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада не се бори со корупцијата, туку ја креира истата.

— реклама —

Антикорупциската комисија треба веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи, наместо да молчи!

Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис услови за фирмите на луѓето од власта!

— реклама —

Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат, бидејќи наместо да работат за граѓаните работат само за лични интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања